речник контакт

Четворица жители на Градско нападнале со вила, срп и коса четворица емигранти од Сирија и ги ограбиле

Заработија кривични и притвор

Петар Печков

Четворица жители на Градско во вторникот по полноќ, во еден часот,  нападнале група емигранти кои биле на железничката  станица во населбата.  

Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) ги пресретнале емигрантите  и заканувајќи им се со земјоделски алати  кои им биле при рака, срп, коса и вила, насилно ги внеле во куќата на  Б.Е.  каде ги задржале околу еден час.

Под закана  им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале. Бегалците го пријавиле настанот во полицијата, која веднаш ги пронашла сторителите.

Против нив  СВР Велес поднесе кривични пријави за ,,противправно лишување од слобода“ и „разбојништво“ .Пријавените се изведени пред Основен суд во Велес, при што изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Лицата се спроведени во Истражен затвор Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »