речник контакт

Четврта велешка поетска вечер

Се одржа на отворено во Младински, меѓу велешани, со учество на 32 поети од осум градови

Петар Печков

Четвртокот попладне,  во Младинскиот парк во Велес се одржа  поетска манифестација „Велешка поетска вечер“. Таа е четврта по ред и е  во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. На манифестацијата учествуваа 32 поети од Прилеп, Кавадарци, Неготино, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово. Тоа  што сите нив ги обединува е што  тие се членови на Сојузот на писателски асоцијации. Манифестацијата е неконвенционална, на отворено, на  омиленото шеталиште на велешани.

Целта на оваа манифестација е да ја изнесе поезијата на улица, да ја приближи до граѓаните и до случајните минувачи, да направи нејзина демистификација. Токму затоа трета година по ред ова поетско читање се одржува на мостот во младинскиот парк, кој поетите веќе почнаа да го нарекуваат „Мост на поезијата“. Втората симболика на мостот е градењето на поетски мостови на пријателство меѓу поетските клубови во Македонија и нивно проширување и надвор од државата –рече поетот Игор Крајчев, кој  како директор на  локалната библиотека е организатор на манифестацијата. 

Тој е  задоволни од манифестацијата и од ефектот кој се постигнува со бројните  анимирани, заинтерсирани граѓани кои застануваат да слушнат по некој стих . Крајчев е сигурен дека ќе  манифестацијата ќе продолжи да се   негува и развива и во иднина, со учество на поети и од соседните земји.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »