речник контакт

Четврток Плазма спортски игри на младите во Велес

Почеток во 10 ч. на терените на гимназијата „Кочо Рацин“ а дел и во спортската сала Гемиџии и на ракометното игралиште во Граски парк. Игрите опфаќаат натпревари во неколку атрактивни спортски дисциплини

Петар Печков

Утре, четврток во Велес  ќе се одржи  „Денот на спортот“ дел од  Плазма Спортските игри за млади.  Овој голем спортски настан за првпат  годинава се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.

„Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности“ – соопштија од организаторите Сојузот на училишен спорт. 

Почеток во 10 ч. на терените на гимназијата „Кочо Рацин“ а дел и во спортската сала Гемиџии и на ракометното игралиште во Градски парк.  Учествуваат ученици од основните училишта од Велес и како гости од Свети Николе и Лозово.

Игрите опфаќаат натпревари во  атрактивни спортски дисциплини турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“.

Досега Спортските  игри на младите се одржаа во Скопје, Куманово, Штип и денес, среда во  Струмица.

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »