речник контакт

Четири нови пинг понг маси

Рекреативците добија нова можност за спортување, но што со многу поголемиот број велешани, тие што трчаат на Градски или возат велосипед, кога за нив ќе се создадат услови

Петар Печков

 ЈП Парк спорт обезбеди четири нови маси за пинг понг кои од денес, среда им се достапни на рекреативците за спортување.Поставени се во салгта Гемиџии, во просторот  од кај Градскиот парк, кој досега беше  користен како за магацин. Така со претходните четири маси, велешани сега имаат можност да спортуваат на двојно повеќе осум. 

Имавме голема заинтересираност, во терминот од 18 до 20 часот се бараше маса повеќе па за тоа одлучивме да донесеме уште четири нови. Се надевам дека со ова уште повеќе ќе го актуелизираме овој спорт -  вели Александар Табаков, директор на Парк спорт.

Од пинг понг спортската федерација како подарок донесоа неколку комплети рекети со топчиња. Од ЈП Парк спорт најавија дека  наскоро ќе организираат турнир на рекреативци.

Велешани сакаат да рекреираат за своја душа. Така во многу поголем број ги има на Градскиот стадион како трчаат на веќе уништената  атлетска патека а во дел од годината, кога е убав времето од мај до октомври, уште помасовно рекреираат со велосипеди до реката Бабуна. И додека од една страна ЈП Парк спорт создава услови преку пинг понгот да се  спортува  за дел од популацијата во градот, велосипедистите нема патека и покрај најавите, атлетската   на Градски е уништена...

Колку некои велешани  се фанатици за рекреација зборува и фактот што авторот е сведок, на 1-ви јануари околу пладне на атлетската патека на Градски имаше луѓе кои трчаа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »