речник контакт

Шивачите се собраа за Петровден

Некои занаети одумирале, други се раѓале а занаетчиите од градот секогаш се дружеле

Петар Печков

И овој Петровден велешките кројачи, шнајдери се собраа на нивниот патрон Св. Петар. Од година во година се помалобројни, но сепак ги има доволно за да ја здржат вековната традиција на шивачи.   Димче Иванов  целиот свој живот го мина покрај машината за шиење ја одгледа фамилијата со помош на игла и конец. И денес со задоволство дојде со колегите да го одбележи овој ден.

Креваме панагија, се собираме се дружиме. Споменуваме како се работеше, сите памтиме подобри времиња. Многу , многу подобри.  Овој ден се одбележува многу одамна, памтам уште како чирак. Имаше многу занаетчии, музика во живо. Тогаш на  манастир се собиравме, со чалгијата на чело.  Ама полека изумира занаетов. Еве тие што  сме собрани, тие  сме -  вели Димче. 

Велес отсекогаш бил град на занаетите и занаетчиите. Традицијата на нивното собирање не е прекината ниту по еден век на другарување и забава. Некои занаети одумирале, други се раѓале а занаетчиите од градот се дружеле.  Така е и секој Петровден, кога се собираат занаетчиите  шивачи, шнајдери или по модерно модисти.

Денес се поретко доаѓаат да шијат, конфекцијата отиде напред. Сега повеќе поправки  правиме, кратење, ште4повање, патенти промена,  ретко кој шие. На времето шиев одела, палта, панталони, сукњи, се што се можеше  Тежок е овој занает, со игла и конец се прави нешто. Физички не е тешко, ама очите, видот страдаат. Од седење кичмата  има проблем.   

Велешани отсекогаш сакале да бидат во тренд и модерни. Шивачите ја следеле модата и градот секогаш имал убаво дотерани граѓани.

 Настан раскажан од Панче Ончев, претходните години, но убаво е да се потсетиме сите. На нивна дружба, на шнајдерите на овој ден, во раните седумдесетти години на минатиот век, во дворот на манастирот Св. Димитрија.  

Одеднаш се  појави автомобил,  едно црно волво и ние се чудевме кој иде со ваква кола. Кога од неа излезе Владиката Кирил. Дојде до нас и ни кажа дека разбрал дека во Велес  на Петровден се собираат шивачите. Не` пофали и ни порача, дека не смееме ова да го прекинеме. Затоа на младите им пренесувам, и двајца да се, да се собираат. Петровден е празник на шнајдерите, да се знае  - рече  Ончев.

Според раскажувањето на тетка ми, Филимена, која беше шнајдерка, Петровден е нивен празник, оти Св. Петар е кројачот на судбината на луѓето, тој решава за животите а тие шивачите ја кројат облеката на луѓето и надворешнито изглед, па затоа го празнуваат овој ден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »