речник контакт

Шише вино испиено за 30 секунди, пита изедена за четири минути

На питијадата имаше и забавен дел во кој велешани одлично се снајдоа. Едни се натпреваруваа, други будно следеа. Првиот ден изедени 8 илјади пити, испиено 2 тони вино.

Петар Печков

Питијадата имаше и забавен дел каде бројни натпреварувачи учествуваа во брзо јадење на пита и брзо пиење на вино. Александар Ристов му требаше 30 секунди да го испие шишето од 0,7 литри бело вино а на Боби Саздов четири минути за да изеде  една цела пита пастрмалија, иако утрото за појадок изел исто така една пита.

Манифестацијата ја посети и францускиот амбасадор Шлумберже со неговите пријатели и тие вкусија од велешкото вино.

На ,,питијадата,, имаше и касички од Црвениот крст, каде можеше да се остави доброволен прилог.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »