речник контакт

Што велат познати велешани за рестартот на топилницата

Во пресрет на големиот протест, се порешително велешани се спротивставуваат на рестартот на загадувачот. За тоа време Метрудхем дава интервјуа, кои од утре ќе ги има во повеќето македонски медиуми, зошто на Велес му е потребна топилницата

Петар Печков

Македонски актер, велешанецот Васил Зафирчев, за Дојче Веле изјави:

Исклучително важно е што Велес по 30 години труење успеа да се избори овој гигант да не работи. Немам ништо против рестартирање на Топилницата, но таа треба да се дислоцира од градот, затоа што градот се шири токму во таа насока. Јас сум против да работи тука.

Панче Ќумбев македонски фудбалски интернационалец

Велат децата се наше најголемо богатство. Зарем сакате ние да бидеме сиромашни??? Јас велам НЕ за рестарт на Топилница

Влатко Темелков, македонски ракометен репрезентативец

Имал грди слики од градот додека работеше топилницата а здравјето на велешани се влошуваше. Затоа, иако не живеам тука, давам поддршка топилницата да не проработи во Велес. Заради спортистите и идните здрави генерации

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »