речник контакт

Што се треба за да бидете астронаут

Рускиот јазик е задолжителен услов како и читање и пишување на кирилица

Петар Печков

Покрај своите тешки тренинзи и симулатори со џет авиони и под вода, младите астронаути на НАСА поминуваат часови учејќи кирилица и руски јазик...

Всушност, еден од условите кои НАСА ги поставува на космонаутите кои ќе престојуваат на Меѓународната вселенска станица, сега е и одлично познавање на руски јазик.

- Програмата е сфатена многу сериозно бидејќи треба навистина добро да се знае руски, ако на пример се случи итна состојба и вие морате во паника да го решите проблемот со Русија преку радио – вели Дејвид Сен-Жак, канадски астронаут и лекар за весникот Universe Today. – Мора јазикот да го зборувате течно, за да бидете корисни и да можете да реагирате во таква состојба.

Сен-Жак, со потекло од Франција, е еден од космонаутите чиј четиригодишен тренинг почна, а меѓу многуте сложени задачи кои мора да ги совлада, се наоѓа и кирилицата. Овој посветен процес за учење на јазикот не подразбира само класични часови, туку и времето поминато во руско семејство во Москва, за да можат космонаутите да го совладаат говорниот јазик.

- Поентата не е совршено да пишувате, туку да комуницирате. Слично е како кога деловните луѓе учат странски јазик. Фокусот е на разбирање на колоквијалниот говор, но и на специфичните термини. Ги знам сите зборови за вселенски хардвер и тие луди руски акроними, но веројатно не знам некое име на некој цвет на пример – вели Сен-Жак.

Обуката подразбира и одење во Русија за да се научи се за програмата Сојуз, како и руските сегменти на Меѓународната вселенска станица.

- На крајот на денот, ваквите тренинзи ве тераат да сфатите дека меѓународните односи се всушност облик на меѓучовечки односи, а да се зборува јазикот е фундаментална работа. Тоа е она што ви помага да го надминете деловното искуство и да го преведете во животно искуство низ кое поминувате со друго лице, од друга земја.

 текстот е преземен од Universe Today

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »