речник контакт

„Чист понеделник“ повторно го заживеа Мегдан

По една година пауза поради ковид пандемија, продолжи дружењето за овој дел

Петар Печков

По една годна пауза, поради ковид пандемијата, денес на Мегдан повторно се одржа „чисти понеделник“. Се делеше бел грав за сите гости. Децениската традиција продолжи на задоволство на мештаните од овој дел на градот, близу до црквата Св. Пантелејмон.

„Повторно се собравме како што е редот. Мегдначани но и гости од други делови, луѓе кои живееле тука па се иселиле. Важно е дружењето, што е основан цел на настанов“ - кажа  Ристо Ивчев, Картушот.

Лани  се подготви бел грав, но истиот се делеше за по дома. Годинава сончевото но студено време ги собра повторно жителите на Мегдан. Кум годинава немаше, сите учествуваа кој со колку може, помогна и Трајче Папазот од Швајцарија.  

Годинава белиот грав, но по стар рецепт го подготви Тошо Тоцинот.  За догодина за кум се нафатил Александар Ристов, кој живее  и работи  во Швајцарија. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »