речник контакт

10 години затвор за Лукарев кој запали гаража и со неа изгоре жив човек

Николче Лукаров (25 год) ќе одлежи десет години затвор реши Апалациониот суд од Скопје.

Петар Печков

Николче Лукаров (25 год) ќе одлежи десет години затвор реши Апалациониот суд од Скопје. Постапувајќи по жалбата на обвинителството, казната од осум години затвор е зголемена за нови две, така што Лукарев ќе лежи вкупно десет години затвор.

Тој беше прогласен виновен во случајот „запалена гаража“ кога во неа жив изгоре велешанец. Настанот се случи на втори март годинава во 3,30 часот наутро а обвинителството Лукарев го товареше за кривичното дело тешко дело против општата сигурност.

Тој ја потпалил гаражата во кое едно лица, Аким Рушитов изгоре а четворица други се спасиле бегајќи преку покривот.

Лукарев пред судот во Велес се бранеше дека тој не го подметнал пожарот и посочуваше други виновници. Во завршните зборови рече дека се кае за стореното дело, а во гаражата отишол да спаси пријателка на која не и дозволувале да си замине, бидејќи местото важи како легло за проституција.

Починатиот Аким бил најстар од шесте деца во фамилијата Рушитови.

Апелација смета дека освен што Николче Лукарев предизвика пожар во кој еден загина, ги загрози животите уште на четири лица, со што е изречена казна затвор од десет години.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »