речник контакт

10 најстрашни места во светот кои се опседнати со духови

За љубителите на хорор приказните

Петар Печков

10. Newstead Abbey, Нотингемшир, Велика Британија

Местото каде живеел Лорд Бајрон, веќе неколку векови е место кое е оспеднато со духови. Дури и Лордот Бајрон зборувал за приказ на дух по име Блек Фриар кој секогаш се појавувал пред некој трагичен настан или смрт на семејството. Исто така се гледала и Бела дама како талка по собите, а се спомнувала и Розината дама и Кавалиер.

9. Ocean Avenue, Амитвил, САД

Куќата во која е снимен хорор филмот е синоним за стравично место со паранормални настани. Во неа во 1974 година, Роберд ДеФео убил шест члена на своето семејство, а се смета дека тоа влијаело и на многу други семејства кои подоцна живееле во таа куќа. Се зборува дека ги тероризирале разни суштества со лигави очи, зелена течност која течела од разни делови на телата и слични појави.

8. The House of the Seven Gables, Салем Масачусетс, САД

Куќата за која е напишан истоимениот роман, се смета дека е дом на духот на славниот пеач Натаниел Њуторн и неговиот син Џулиан. Нивните претци живееле во таа куќа каде во 1892 година имало судење за вештерката од Салем. Се зборува дека на семејството било фрлена клетва поради која не можат да отидат од овој свет. Во куќата денес се наоѓа музеј, но Натаниел во книгата навел дека била опседната уште кога била изградена.

7. South Shields, Tyne & Wear, Њукасл, Велика Британија

Во оваа куќа темелно се документирани појавите на духови, а се смета дека ниту еден од нив не е пријателски настроен. Се спомнувало и дека од славините во оваа куќа течела крв, а мажите кои тука престојувале добиле посекотини на градите. Приказната за полтергејстот кој веќе подолго време живее тука, опишана е во книга од 2006 година.

6. Белата куќа, Вашингтон, САД

Најпознатата претседателска резиденција во светот исто така е опседната со духови. Се верува дека духот на Абрахам Линколн сеуште талка по собите, а постојат приказни и за појава и на други покојни претседатели. Наводно се појавувале чудни звуци на чукање на вратите, чекори во празните ходници и слично. Се верува дека меѓу духовите кои не можат да ја напуштат Белата куќа се и покојните први дами Абигејл Адамс и Доли Медисон.

5. Театарот Тиволи, Хамилтон, Канада

Сеуште никој не успеал да открие што навистина се случило кога познатиот театарски глумец Амбросе Смал, мистериозно исчезнал во Торонто. Се верува дека неговиот дух сеуште се наоѓа во еден од неговите омилени театри, во театарот Тиволи во Хамилтон. Многу вработени го виделе како талка во театарот, облечен во викторијански костим со своите препознатливи бркови на лицето.

4. Гробиштата Bachelors Grove, Мидлтон, Илиноис, САД

Иако често се зборува дека гробиштата се оспеднати, се вели дека на овие гробишта се видени над стотина духови. Белата дама, Фантомот од селската куќа, како и Фармерот со плуг, само се некои од духовите кои се движат на овие гробишта, близу Чикаго. Уште во 80-тите години низ светот се прикажа фотографија на дама која седи на гробиштата, а ја фотографирала Јуде Фетз, што ова место дефинитивно го сврстува меѓу најстрашните во светот.

3. Куќата на Лиза Борден, Fall River, Масачусетс, САД

Ова е една од ретките оспеднати куќи, отворена за посетители, во која може да се преноќи и да се добие доручек, па посетителите можат лично да се сретнат со духовите кои живеат тука. Во 1892 година во куќата Лиза Борден ги убила очувот и макеата, а куќата подоцна станала позната по тоа што во неа често можеле да се слушнат звуци на жена која тивко плаче. Исто така, во неа сијалиците се палат и гасат сами од себе, како и разни други појави на измачени души.

2. Winchester Mystery Mansion, Сан Хозе, Калифорнија

За изградбата на оваа куќа постојат многу приказни во кои се преплетуваат стварност и научна фантастика. Една од нив е дека ја изградиле духови за да живеат во неа. Факт е дека оваа вила има врата која не води никаде, скали кои не се довршени и други чудни архитектонски додатоци. Според преданијата, куќата ја изградила Сара Винчестер, за да пружи засолниште на душите на луѓе кои ги убиле членовите на нејзиното семејство. Наводно дури и денес во неа може да се слушне свирење и да се почувствува мирис на пилешка супа во празна кујна.

1. Raynham Hall, Норфолк, Велика Британија

Тука е снимена една од најпознатите фотографии на духови во светот. Појава на Смеѓа дама која во куќата е видена многу пати, фотографирана е на скалите во 1936 година. Се верува дека се работи за Лејди Тоунсхенд која тука живеела и умрела во 18 век. Се зборува дека може често да се види како талка низ ходниците во кафеав фустан од брокат.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »