речник контакт

10 јуни Ден на македонските воздухопловци

Денот беше одбележан со аеро митнг во Петровец, каде беа меѓу учесниците и двајцата велешки пилоти на служба во АРМ

Петар Печков

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец на 10-ти јуни, понеделник  беше одбележан Денот на воздухопловната бригада. Нејзина основна мисија е остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, учество во мировни мисии и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ, и ООН како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

За време на свеченоста, одржан беше и аеро-митинг на кој покрај воздухопловите на Воздухопловната бригада свое учество имаа и воздухопловите на Центарот за обука на пилоти, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување...

Полковникот Кире Колевски, пред заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, и останатите високи претставници од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија рече дека Воздухопловната бригада на АРМ е достоен наследник на настанот од 10 јуни 1992 година, кога беше остварен и историскиот лет на првиот воздухоплов во рамките на АРМ и независна Македонија.

Реализираната мисија во Босна и Херцеговина, партнерските цели, модернизацијата на воздухопловите, декларираните единици, обуката и достигнувањето на стандардите на Алијансата, истакна полковникот Колевски, ја доведоа бригадата на ниво на компатибилност со останатите воздухопловни единици на НАТО, соопшти  Министерството за одбрана.

 Дел од ова единица се и двајцата велешки пилоти капетан  Роберт Митровски и капетан  Јован Шоповски.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »