речник контакт

10 години затвор за инцест со полнолетна ќерка

Две и пол години имал сексуален однос со неговата 25 годишна ќерка, која морала да молчи бидејќи била уценувана дека ќе ја убие ако јавно прозбори

Петар Печков

   Велешанецот Ј.К. ( 48 год)  доби десет години затвор   за родосквернавење а пресудата е потврдена и од Апелација. Тој  две и пол  години имал сексуален однос со неговата 25 годишна  ќерка, што го докажало судското вештачење. Таткото  овој чин го правел 30 месеци по ред, а за тоа време неговата ќерка морала да молчи бидејќи била уценувана дека ќе ја убие ако јавно прозбори, стои во обвинението.

Пресудата е донесена врз основа на вештачењето на доктори од ЈЗУ Психијатриска клиника Скопје. Ќерката живеела во близина на татко си, мажена е и има дете. Случајот во полиција мај минатата година го пријавила ќерката, откако не можела повеќе да ја издржи тортурата. Според неговиот адвокат обвинетиот се бранел дека не сторил вакво нешто и се тоа се измислици на ќерка му.

Несфатливо ако тоа дело се случувало  две и пол години, зошто  ќерката   толку време  молчела. Нема никакво материјален доказ дека обвинетиот е сторител на делото. Има само сведок кој не видел, туку само слушнал. Нема докази од гинеколог, само од психијатрија. Како е можно да има родосквернавење само од едната страна ако и двајцата тоа го сториле, како судот ја поклони довербата на ќерката, која можеби сака да го намести родителот заради нивни нерасчистени односи – вели адвокатот Андреја Радиновски.

Пријавениот Ј.К.  претходно е одлежал  пет години затвор за кривично дело „силување“и  за  кривично дело „кражба“ .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »