речник контакт

10 години со Вас, Ти реков ми рече

Првиот и најстар велешки информативен интернет портал ја заврши првата декада постоење

Петар Печков

Десет години откако  Ти реков ми рече започна да постои како локален велешки интернет портал.  Тој е првиот и најстар информативен портал во градот. Започнат од Аница и Никола Солеви и Зоран Николов, ТРМР беше пионер во информирањето во градот.   Николов се присетува на почетоците на оваа страница,  кога во првите денови и месеци наидувале на потешкотии. 

Во периодот пред Facebook ерата,  имавме идеја да сликаме дешавки по локалите и да ги објавуваме  на ТРМР за промотивни цели, а они као приватноста да не им се нарушела на гостите? А денес сами си се објавуваат или самите бараат да бидат објавувани - вели  Зоран.

Беше тоа  првата погрешна претпоставка. Сакавме да промовираме настани во градот и дека некој ќе биде пресреќен да ни даде информации со кои бесплатно ќе го промовираме. И ден денес се чудам, но тоа е нашиот менталитет и против тоа само времето е лекот - додава Никола Солев.  

 По некоја година  започнав и јас, Петар Печков да испраќам текстови за локалните збиднувања во Велес, оти евидентно е дека имаше  потреба од локален медиум. Тогаш имаше и коментари под вестите, кои во една од политичките кампањи забегаа и од тогаш оваа можност се исклучи на ТРМР. Така соработката продолжи со Солеви.   Од пред некоја година  порталот е во сопственост на ТП Филип десет и е регистриран правен субјект.  

Од година во година порталот се надградува со новините кои се актуелни. Се менува и неговиот изглед, но останува  во прв план човекот.  За ТРМР нема работно време, нема викенд, 

Порталот промовираше многу велешки приказни, легенди, луѓе кои  го оdбележаа живеењето во градот. Дека тој е вистински информатор, зборува и  бројот на посети  и читаноста. Ако некогаш велешани не сакале да се сликаат и бидат објавени, барале заштита на приватноста, сега е спротивно. Стотици фотографии во посебен албум,, насловен ,,сликај ме,,  а на прашањето за ,,приватноста,, одговорот е ,,сликај и  објавуј,,.

 ТРМР има и свој Фејсбук профил, каде освен текстовите објавени на порталот, има бројни други информации. Пред се  најави на настани кои се случлуват дневно, многу фотографии. Бројтата од 5.7 илјади  допаѓања, луѓе кои секојдневно не следат обврзува но и знак дека ни веруваат.  

 ТРМР Ви благодари за довербата која ја имате.

 во фото албум 10-те години наназад и некои од  насловните фотографии на ТРМР 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »