речник контакт

100 години КРАШ

Не слави само Нивеа 100 години,ниту 125 Кока Кола. Најстариот кондиторски производител на Балканот Краш одбележа 100 години постоење.

Петар Печков

Фабриката Краш која ги произведе чоколадите ,,животинско царство,,  бонбониерите  ,,бајадера,, ,, ледените коцки,, ,, гриоте,, бонбоните ки-ки, бронхи  и уште многу други благи производи го одбележа првиот век од постоењето.

Овој голем јубилеј  тие го одбележаа со  пуштање на еко- селото  Братина, инвестиција вредна 3,5 милиони евра. Тоа се простира на површина од 500 ха, нуди сместување за 80 лица, има игралишта и спортски терени, зоолошка градина, куќа за младенци и селско производство. Во комерцијална употреба ќе биде пуштено од есен.

Фабриката го носи името на хрватскиот Народен херој од НОБ Јосип Краш.

 Текстот не е комерцијален оглас.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »