речник контакт

100 велешки деца на одмор во Пелистер

100 велешки деца и годинава ќе се рехабилитираат од долгогодишното загадување на Топилницата.

lj lkjl

100 велешки деца и годинава ќе се рехабилитираат од долгогодишното загадување на Топилницата. Летувањето опфаќа деца со белодробни заболувања, но и деца заболени од церебрална парализа. Александра Крстевска од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение вели дека изборот на децата е спроведен според она на кои што рехабилитацијата им е најпотребна. „Оваа година има голем број на нови членови, не одат постојано еден круг на деца. Тие десет дена предизвикуваат позитивни промени, ефектот е многу поголем кога последователно тоа дете секоја година го подобрува својот организам” Одморот трае десет дена, од 4 до 14 август во Пелистер. Крстевска вели дека има го?ема заинтересираност за летувањето, но средствата се ограничени. „Оваа година имавме голем број на пријавени деца. Сакавме на сите да им испаднеме во пресрет, меѓутоа е тешко да се најдат средства. Апелираме доколку е некој во состојба да ни помогне затоа што 23 деца се ставени во резерва кои чекаат. Ова не значи дека на овие деца не им е потребен одмор. Ако најдеме средства и тие деца ќе заминат” Рехабилитацијата се спроведува петта година по ред во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. Парите за рехабилитација на децата ги обезбедува Министерството за животна средина и просторно планирање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »