речник контакт

100 години на кремата Нивеа

Познатиот мирис кој враќа во детството, составот и прочуената сина кутивка, се ве асоцира на „Нивеа“ кремата, која оваа година прославува своја 100 годишнина. „нивеус“ - снежно бело.

Петар Печков

Германецот Оскар Троплович, кој бил шеф на отсек на фармацевстката компанија „Бајерсдорф“, во 1911 година создал емулзија „Еуцерит“, која веднаш станала хит, бидејќи немала силен мирис сличен на мирисот на конкурентските производи.

Подоцна и додал екстракт од портокал, лаванда, рози, јоргован и лилјан и својата нова крема ја нарекол „Нивеа“ по латинскиот збор „нивеус“ што значи снежно бело.

Новиот козметички производ многу брзо станал многу популарен и денес се продава во повеќе од 200 земји. „Нивеа“ кремата денес се продава најмногу во Обединетите Арапски Емирати.

Минатата година „Бајерсдорф“ продаде 100 милиони кутии „Нивеа“ крема.

„Секој дома има нивеа“, изјави Ан Заван, директор на маркетинг на „Бајерсдорф“ во Франција.

„Тоа е мајка на сите брендови, тоа е нешто што мора да се има“, вели Жан Ватан-Анкуар, експерт за брендови.

Експертите наведуваат дека „Нивеа“ кремата има голем успех од повеќе причини, но најважна е таа што не е скапа во однос на квалитетот кој го има.

Меѓутоа, „Нивеа“ поминала трнлив пат. Во текот на нацистичката ера, властите ја прогласија „Бајерсдорф“ за еврејска компанија и нејзините производи биле бојкотирани.

По Вората светска војна, сојузниците ги прекинале донациите, па компанијата дури во 90-тите години од минатиот век успеала да развие различна палета на производи.

Иронично, тоа што долго време произведувала само крема во познатата сина кутивка и помогна да создаде репутација на својот бренд.

Втора работа која придонела за нејзиното долгогодишно присуство на светскиот пазар е тоа што своето име „Нивеа“ го стави уште на 14 различни производи – дезодоранси, гел за туширање, креми за сончање и го задржа својот квалитет.

„Нивеа“ градејќи го така постепено својот имиџ и почитувајќи го константниот квалитет, опстоила дури и во конкуренција со прочуените брендови „Лореал“ и „Буржоа“.

„Нивеа“ денес главно се произведува во Хамбург, но и во Азија и Јужна Америка, спаѓа меѓу најголемите конгломерати на светот и произведува цела лепеза на козметички производи, па оригиналната крема во сина кутивка сега има удел од помалку од 10 проценти на приходите на тој бренд

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »