речник контакт

11 затвор за 8 кг хероин,за двајца скопјани

На двајцата дилери пресудата им беше изречена во Основен суд Велес

Петар Печков

Двајца скопјани добија вкупно 11 години затвор, затоа што сакале да пренесат во Македонија  8 кг. хероин. Ќемал Лешникоски  (55 год)  Фадил Бајрамовски (36 год)  и двајцата од Скопје во Основниот суд во Велес,  беа прогласени за виновни за недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги.  

Според обвинението двајцата на 26 август минатата година сакале да пренесат осум кг хероин,  кој требало да заврши на пазарот во Западна Европа. Хероинот е пронајден во возило „Пежо 307“ на влез во Македонија од Грција,  на граничниот премин Богородица.

Хероинот бил пронајден во просторот за вентилација, во специјално изработен простор, бункер во 16 пакувања. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо би достигнал цена од 160.000 евра, а надвор од Македонија над 250.000 евра. Дрогата била преземена од непознато лице во Истанбул,Турција.

 Лешникоски  и Бајрамовски  негираат дека превезувале хероин, дека истата им била подметната и тие не занеле за тоа. До правосилноста на пресудата остануваат во притвор.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »