речник контакт

11 нови избирачки места во Велес

Поради бројност на постојните, тие се поделени на две. Нови има и во Бузалково и Горно Оризари. Кои се новите, прочитајте во продолжение

Петар Печков

Во  општина Велес за претстојните претседателски и парламентарни избори има 11 нови избирачки места. Ова е одлука на Државната изборна комисија а поради големиот број на гласачи на досегашните. Тие се подделни на две.

Така сега фигурира бројката која досега беше валидна а за новото избирачко место е со додавка еден.  Двете избирачки места се поделени азбучно, во првиот дел се избирачи од буквата М или Н, во зависност од бројот на запишани лица а додека во новото избирачко место се останатите  гласачи.
 
Еве ги и списокот на променети избирачки места:

 2138 и 2138/1  гласаат во  УСО Коле Неделковски

 2143 и 2143/1   гласаат во ОУ Васил Главинов

2144 и 2144/1    гласаат во ОУ Васил Главинов

2146 о 2146/1    гласаат во Ветеринарна станица

 2153 и 2153/1   гласаат во Детска градинка –жаба зграда

2159 и 2159/1    гласаат во Гимназија

2170 и 2170/1   гласаат во Работнички универзитет

2172 и 2172/1   гласаат во детска градинка кај Стар Мост

2173 и 2173/1  гласаат во ОУ Благој Кирков
 
2201 и 2201/1    гласаат во  ОУ Бузалково во село Бузалково
 
2210 и 2210/1  гласаат во  ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »