речник контакт

1156 места во прва година во велешките средни училишта

Ќе се отворат 27 паралелки од кои 4 на албански јазик и две спортски

Петар Печков

Министерството за образование го распиша конкурсот за упис во прва година на во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година во Република Македонија. Вкупно 1156 ученици во прва година средно е предвидено да се запишат во четирите средни училишта во Велес наесен.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“

 Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки (204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик).  Во Гимназијата во првата година ќе се отворат две спортски паралелки фудбал и ракомет со по 34 ученика. 

ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“ Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за  

економски техничар  102 ученици  

 деловен секретар 34 уч. 

 банкарски техничар 34 уч. 

продавач 34 уч.  3 г.тр. 

 

СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

 Во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за

 Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки -

машински техничар/ машинско - енергетски техничар 34 уч. 

машински техничар алб 34 уч. 

техничар за компјутерско управување 34 уч. 

автотехничар - мехатроничар 34 уч. 

автомеханичар / металостругар – заварувач 34 уч. 3 г.тр. 

 

Електротехничка струка - 170 ученици, 5 паралелки 

електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 уч. 

електротехничар за електроника и телекомуникаци / електротехничар- енергетичар 34 уч. електротехничар за електроника и телекомуникации алб 34 уч. 

 електроинсталатер и монтер  34 уч. 3 г.тр. 

Сообраќајна струка -  техничар за транспорт и шпедиција 34 уч. 

Угостителско - туристичка струка -  готвач/ келнер 34 уч.. 3 г.тр. 

СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“ Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми 

 Хемиско - технолошка струка - 102 ученици, 

хемиско - технолошки техничар  34 уч. 

прехранбен техничар 34 уч. 

месар 34 уч.. 3 г.тр. 

Здравствена струка - 102 ученици 

медицинска сестра 34 уч. 

физиотерапевтски техничар 34 уч. 

фармацевтски лабораторски техничар 34 уч. 

Лични услуги -  козметички техничар мак 34 уч. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година

. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 46 2015 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2015 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 27 август 2015 година. Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »