речник контакт

11-ти риболовен натпревар ,,Цветници,, (фото)

Учествуваа 11 екипи од Македонија и Србија, победи струмичанецот Ѓоре Гошев

Петар Печков

 Вчера, на езерото Младост, се одржа 11-тиот риболовен натпревар ,,Цветници,, во организација на Здружението на спортски риболовци ,,Металург,, од Велес. Учествуваа 33 натпреварувачи од 11 клуба од Србија и Македонија, кои ловеа риба на Отовичка плажа.  Се ловеше риболов на пливка.

Натпреварот иако го носи насловот ,,Цветници,, го одржавме подоцна,за да има подобри услови за ловење риба   и подобар улов. Годинава овој празник беше доста рано, па затоа решивме натпреварот да се одржи при крајот на април. Се мери килажата на вкупно улвоената риба а истата подцна се враќа во езеро.  Беше уловена крапчиња, американски сом, белвица - рече д-р Ѓоше Игнов член на раковдството на клубот.   

На натпреврот во поединечна конкуренција победи струмицанчецот Ѓоко Гошев од  клубот ,,Трофеј,, од Струмица. Во екипна преодниот пехар го освоија гостите од Србија од клубот ,,Поштар,, од Бор. Заврниот дле и дружењето се случи во хотел ,,Монтенегро,, додека меѓу спозорите на 11-тиот риболвоен куп ,,Цветници,, беше и Жито маркети,, од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »