речник контакт

12 години затвор, за разбојништво над старицата во Речани

Обвинетиот Павле Гулевски одзел 9 илјади денари. Тој не го признава делото

Петар Печков

Велешанецот Павле Гулевски (42 год) доби 12 години затвор за разбојништво  кое  го сторил врз   старица во населбата Речани. Гулевски е прогласен за виновен во Основен суд Велес за настанот кој се случи на 2-ри февруари годинава  на улица Димитрија Андонов Папрадишки   околу 23ч. 

Гулевски според обвинението  со фантомка на главата влегол во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперил пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари.  Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената а со нож и ја повредил.

Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција. Обвинетиот  е пронајден по  извршеното и препознавање од страна на оштетената.

Гулевски не го признал делото а според неговите бранители  не е пронајден ниту пиштолот ниту ножот со кој било  извршено делото.  Пресудата не е правосилна.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »