речник контакт

12 наместо 18 месеци затвор за сообраќајка со двајца починати

Гостиварчанецот Исмаил Љуши (28 год) го призна делото и се покаја за стореното

Петар Печков

Гостиварчанецот Исмаил Љуши (28 год) доби една година затвор за  сообраќајка во која има две лица починати а се случи на автопат близу наплатна рампа кај Градско. Тој пред половина година, кога беше изречена првостепена пресуда  не се чувствуваше за виновен за ова дело, а откако Апелација го врати назад на повторно судење, тој се покаја  во Основен суд Велес го призна  кривичното дело,, тешки дела против безбедноста  на луѓето и имотот во сообраќајот,,  кое според судијата го сторил од небрежност.

Во сообраќајката животите ги загубија Емре Емини (24 год)  од Гостивар и Невенка  Цветкова  (23 год) од Крива Паланка. Нејзината мајка иако скршена од болка,  на првото судење најде сили и  му прости на обвинетиот.

Простено му е од мене - рече низ солзи Македонка Цветкова. 

Сообраќајката се случи   на ден 29.10.2017 година во 4.30 часот,  на 2 км  после наплатната рампа Градско, од автопатот на правецот  Неготино -Велес. Според обвинението  Љуши  управувал автомобил марка БМВ   со брзина од 136 км/ч, која е поголема од дозволената а на тој дел од патот била ограничена до 80 км/ч.

Кога дошол на критичното место,  каде поради реконструкција на патот сообраќајот се одвивал по една коловозна лента,  изгубил контрола над возилото и во еден момент дошло до удар   на автомобилот  со заштитната метална еластична ограда, поставена на средината на автопатот која ги одвојувала двата коловоза. Од  здобиените повреди сопатникот  Емре Емини кој седел на предното седиште починал на лице место.

Сопатничката Невенка  Цветкова се здобила   со тешки телесни повреди од кои починала подоцна  на 19.11.2017 година на КАРИЛ во Скопје. Со полесни повреди се здобил  сопатникот Онур Абази. 

Тој при сведочењето кажа дека возачот Љуши во критичниот момент спиел. Од  обвинетиот Љуши била земена крв и урина  и по извршените анализи било констатирано дека нема присуство на алкохол. Вештачењето покажало дека во критичниот момент обвиениот го управувал возилото со 136 км/ч. Пресудата не е правосилна. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »