речник контакт

12 фудбалери на ФК Пелистер на инфективно одделение во Велес

На пропатување кон Скопје ручале во Велес половина час подоцна се појавиле здравствени проблеми

Петар Печков

12 фудбалери на ФК Пелистер од Битола од пладнево  се задржани на лекување во ЈЗУ Општа Болница Велес, на инфективното одделение.  Причина  се здравстенистомачни  проблеми ,повражање и  можно труење. Директорот на Болницата д-р Димитар Стровјаноски ја потврди оваа информација.

Битолските фудбалери биле на пропатување за Скопје, ручеле во објект во Велес и по 20-тина минути започнале да повраќат. Веднаш се прифанати во нашата болнциа, иако тие стравуваа за проблеми поради немање на здравствено осигрување, но ние сме должни да им дадеме здравствена помош. За овој настан известени се сите надлежни инспекции и институции,  како и Центарот за јавно здравје кои  подоцна ќе се изјаснат за причините  - рече д-р Стовјаноски.  

Од Управата на ФК Пелистер  кажаа дека ручале во ресторана во Велес, за половина час подоцна да  се јават стомачни тегоби кај дел од фудбалерите. Поради ова првенствениот натпревар против ФК Шкупи, кој требаше да се игра попландево во Скопје ФФМ го одложи.  Дежурниот специјалист инфектолог д-р Славица Трајкова изјави дека  се згрижени 12 лица, кои  на одделението биле донесени околу 13,30 ч..

Кај сите лица има исти клинички симптоми, со повраќање во два до три наврати. Задржани се на нашето одделение, дадена е соодветна терапија  и се  на опсервација превентивно. Сите се  во стабилна здравствена состојба -изјави д-р Трајкова. 

фото фејсбук

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »