речник контакт

13 години затвор за убиство на татко му

Тринаесет години затвор доби Роберт Николовски ( 21 год) поради убиство на таткому Добре, кое што се случи на 12-ти декември минатата година во веле?кото село Иванковци.

Петар Печков

Тринаесет години затвор доби Роберт Николовски ( 21 год)  поради убиство на таткому Добре,  кое што се случи на 12-ти декември минатата година во велешкото село Иванковци. Обдукцијата на телото на починатиот покажала дека тој е убиен со два директни убоди со остар предмет  во срцето, а не од ударите на секира по глава, како што се тврдеше првично. Петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Илија Танев го прогласи за виновен Роберт, земајќи ги во предвид сите презентирани докази во кривичната постапка. Обвинетиот Роберт Николовски  во Основниот суд во Велес, негираше дека е сторител на делото, кое претходно во психијатриското вештачење го обајснил до детали.

- Не го сторив делото и не сум виновен, така што нема за што да се каам – изјави во своја одбрана Николовски. Тој објасни дека пред психијатрите го признал убиството на таткому и начинот на кој го сторил, бидејќи тие му ветиле дека ќе биде ослободен ако признае. Обвинетиот пред судот се сеќаваше на сите  детали  и на се што се случувало претходните денови, но имаше ,,празнина,, за  критичниот момент на убиството за кое се товари. Се жалеше дека петокот ноќта кога се вратил од забава од селото Лозово, таткому кој бил во алкохолизиреана состојба, доцна ноќта го карал зошто живее таков неуреден живот и му удрил шлаканица. Така било и наредниот ден, по што Роберт си заминал за да се врати во неделата, кога видел дека таткому го нема па два дена го барал по селото.  Вториот син на починатиот, Бојан Николовски кој работи и живее во  Скопје, пред судот изјави дека ниту таткому ниту брат му до тој ден не се пожалиле дека имало караница меѓу нив или дека односите им се нарушени. Тој и неговите чичковци, браќата на починатиот изразија задоволство од висината на казната, но се пожалија дека нивниот татко и брат , никогаш нема да се врати. Бранителот на обвинетиот, адвокат Боби Гајдов рече дека во доказната постапка со ништо не е потврдено дека неговиот клиент е сторител на делото.

- Нема мотив, ниту е констатиран  начинот,  ниту е пронајдено механичкото средство со кое се нанесени двата смртоносни удари во срцето на починатиот. Никој од сведоците не посочи дека  Роберт е сторителот на делото – изјави адвокатот Гајдов во неговите завршни зборови. До правосилноста на пресудата Роберт Николовски останува во притвор. Убиството според обвинението се случило на 14-ти декември лани, во неодреден час и време во  семејната куќа на Николовски, кога Роберт го убил татко му, кој спиел во кревет, откако претходела меѓусебна расправија. Подоцна синот Роберт, одел по селото и ги прашувал соселаните дали го виделе таткому и каде е тој. За да биде уверлив на мотор почнал да ја пребарува околината на селото Иванковци  за да го најде татко му Добре и искажувал загриженост да не му се случило нешто лошо и  на овој начин сакал да обезбеди алиби.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »