речник контакт

13 нови садници за Рацин (фото)

Спомен шумата е кај Спомен Костурницата

Петар Печков

Втора година по ред продолжува засадувањето на садници во спомен шумата  на Рацин, која е лоцирана на просторот кај Спомен Костурницата.

Годинава се засадија 13 лиланди, во чест на денот кога тој е застрелан 13 јуни.

Нив ги засадија членови на Друштвото на писатели на Македонија   Веле Смилевски, Раде Силијан, Игор Крајчев..   

Лани беа засадени 33 садници исто лиланди, тогаш во чест на годините колку што живееше Рацин.  Сите од нив се зафатени, информираше  раководителката  на РЕ Паркови и зеленило Тања  Ангелова   од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »