речник контакт

13 велешани фатени во акцијата ,,перење пари од продажба хероин,,

Дел се во Велес, дел во Австрија, дел во Германија. Испрале вкупно 2,5 милиони денари

Петар Печков

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Оддел за борба против недозволена трговија со дрога, спроведе координирана акција во Велес, Скопје и Штип заради лишување од слобода на лица кои сториле кривично дело “перење пари и други приноси од казниво дело “. Истите како припадници на  криминална група од Велес, вршела улична продажба на хероин во Виена - Австрија  примале и подигале пари стекнати од препродажба на дрогата. 

Парите  биле испраќани од страна на членовите на криминалната група од Австрија, Словачка, Германија на нивно лично име преку брз трансфер на пари. Исто така дел од лицата биле инволвирани и во улична продажба на хероин во Виена и Франкфурт за што во текот на 2012 и 2013 година, се уапсени и кривично правно санкционирани во Австрија за сторено кривично дело – “недозволена трговија со наркотини средства“

 
Поднесена е кривична пријава против 13 лица, К.Г. (27), Б.Х.Ј. (33) год., Р..С. (22), К.С. (20), С.М. (29), З.М. (39)  Џ.Н. (21), А.Л. (25), И.А. (25), Љ.Р (25) сите од Велес, како и  А.В. (28) од Скопје , И.Г. (40) и И.М. (23) од Штип бидејќи во временскиот период од почетокот на септември минатата година до крајот на јануари годинава во повеќе наврати го сториле кривичното дело “перење пари и други приноси од казниво дело“.

Пријавените користејќи го интернационалниот меѓубанкарски електронски трансфер на парични средства, преку финансиските институции  и брз трансфер на пари во Австрија, Словачка, Германија и  Македонија, незаконски стекнатите парични средства од недозволена трговија и продажба на наркотична дрога, ги внесувале во легалниот финансиски систем. Трансакциите кои истите ги извршувале, ги разделувале (вршеле структурирање на трансакциите) во помали износи, со цел истите да не бидат предмет на законско пријавување до надлежните државни институции по основ на големи износи и сомнителни трансакции.

Обезбедени се докази дека во горенаведениот период се трансферирани парични средства во износ од 2.5 милиони  денари (или 41.140 евра). Имено во текот на 2012 год. и 2013 год. во заедничката меѓународна полициска операција се уапсени седум лица од кои во Австрија беа уапсени пет лица сите велешани и тоа : А.Л., Џ.Н., И.А., З.М. и Б.Х.Ј., а К.Г. беше уапсен во Македонија, за него во тек е судска постапка, за сторени кривични дела – “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,,. 

Во текот на истрагата  е утврдено дека К.Г. и давал инструкции на лицето Р.С. да прима парични средства и да води уредна документација за продажбата на дрогата, расходи и приходи од продажбата, колку е продадено, цена, колку има останато за продажба и колку се испратени и примени парични средства. Со цел обезбедување на дополнителни докази извршени се претреси во домовите и други простории на дел од пријавените лица, при што во домот на  брат и сестра Р.С. и К.С. во Велес пронајдени се 25 стебла марихуана засадени во 5  саксии. 

Од слобода се лишени вкупно пет лица а едно лице не е достапно на органите на прогон бидејќи се наоѓа надвор од Македонија. Истражен судија на пријавените тројца велешани  Р.С., К.С., С.М. како и на лицето Љ.Р.  кое е надвор од државава, им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »