речник контакт

13 години затвор за разбојништво, 18 месеци за 17 тешки кражби

Висината на казната е според Законот за одмерување на висина на казни

Петар Печков

Велешанецот Екрем  Јашаров  (31 год)   доби 13,2 години затвор за разбојништво. Тој на 17 јули лани, околу пладне, од оштетената сограѓанка  со сила и ја одзел чантата, откако  ја  турнал, додека таа го паркирала нејзиниот скутер, пред семејниот дом.

При тоа во чантата  имало   два мобилни,паричник со 300 денари, како и лични документи, кредитни картички и клучеви или вкупна штета од 5,5 илјади денари.

Парите и мобилните ги земал, додека останатото заедно со чантата ги фрлил. Набргу полицијата, по пријавата на оштетената, го фатила Јашаров, кај него ги пронашла мобилните и паричникот. Тој пред судот се бранел дека во моментите кога го сторил делото бил по дејство на дрога, бидејќи бил зависник.

Судот откако го прогласи за виновен, му изрече казна затвор  од 13 години  и 2 месеци,  оти претходно имал четири  условни казни затвор. Пресудата е во согласност со Законот за одредување на видот на висината на казната иако не се утврдени отежителни околности.  

Во друг судски спор за извршени 17 кражби обвинетиот доби затвор од година и половина. Миќавил Зекиров ( 29 год) го признал  делото ,,тешка кражба,, по што беше прогласен за виновен. Тој во периодот од  28 април  2012-та до 11  октомври истата година извршил 17 кражби, при што  одзел туѓи предмети во вредност од 106 илјади денари.  

Зекиров за овие шест месеци украл  6  мобилни телефон секој вреден над 10 илјади денари,  кожен новчаник со 1,2 илјади денари,  од киоск одзел 4,5 илјади денари, две кошули од  1,8 илјади денари, повеќе парфеми, дезодоранси, колонски води, ролни мушами,  женски парфеми и дезодоранси.

 Зекиров досега повеќе пати   бил осудуван и се наоѓа на одлежување затворска казна.  Бидејќи делата ги извршил во период кога не бил на сила Правилникот за одмерување на казните, Зекиров доби 18 месеци затвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »