речник контакт

13 ѕвона ќе ги будат велешани

Во Австрија, Инсбрук се леат ѕвоната за новата црква Св Кирил и Методиј

Петар Печков

Изминатиот викенд, делегација од Повардарската епархија, предводена од секретарот на епархијата, ѓакон Влатко Стоименов, на покана на познатиот европски производител на црковни ѕвона „Грасмаер“ претстојуваше во Инсбрук, Австрија.

Компанијата „Грасмаер“ ги подготвува црковните ѕвона за новата црква „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и за новата црква „Св. Петка“ во Кавадарци. На покана на австриската компанија  делегација присуствувала на чинот на лиење на ѕвоната.

Во Инсбрук се леат 13 ѕвона, кои зедно ќе тежат еден тон. 5 ќе бидат  подвижни а 8 статични. Излеани се во бронза и бакар. Треба да бидат поствени на камбанаријата  во средината на ноември.

Црквата по последните најави ќе биде готова во мај 2013.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »