речник контакт

130 години од смртта на Рајко Жинзифов

Општина Велес, локалната градска библиотека „Гоце Делчев“ и ОУ „Рајко Жинзифов“ од Долно Оризари ја одбележаа...

Петар Печков

Општина Велес, локалната градска библиотека „Гоце Делчев“ и ОУ „Рајко Жинзифов“ од Долно Оризари ја одбележаа 130 годишнината од смртта на преродбеникот Рајко Жинзифов.

- Жинзифов иако влав, тој дава голем придонес за македонската преродба, посебно при престојот во Русија. Тој таму станува член на словенското друштво, се поврзува со колегите со Бугарија, Србија, и создаваат јужнословенска заедница. Тоа што е многу значајно за нас е што тој започнува голема мисија, пишување поезија, проза, се бави со политика. Неговите политички погледи се мошне воинствени бидејќи Русија има други погледи и не дава доволно поддршка на Македонија - изјави Људмил Спасов, професор на филозовскиот факултет, зборувајќи за делото на Жинзифов.

Во продолжение на одбележувањето 130 години од смртта, се читаа дела на Рајко Жинзифов. Тој е роден 1839 во Велес, починал 1877 година во Москва.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »