речник контакт

14 септември Светски ден на првата помош

Одбележан од младите на Црвениот крст во Велес

Петар Печков

 Секоја втора сабота во месец септември е светски ден на укажување на прва помош. Поради ова младите од Општинскиот Црвен крст од Велес демонстрираа како тие укажуваат прва помош на двајца настрадани пешак и мотоциклист. За ова тие имаа помош   од доктор Јадранка Мишкова.  Таа одржа едукативна сесија, со која на младите им го укажува значењето на квалитетна прва помош.

Демонстриравме како тоа се први во случај на сообраќајка со двајца повредени.  Активистите на Црвениот крт на лице место покажаа што тие знаат за ова проблематика, се до доаѓањето на екипите на Итната помош. Многу е значајно ова укажување  на стручна прва помош, оти од тоа често зависи и како ќе се одвива натамошниот тек на лечењето на повредените, повторувам тоа да биде стручно, правилно, навремено  и квалитетно сработено,. Несоодветно укажана прва помош може да значи траен инвалидитет на повредниот. Факторот време е многу значаен  за  настраданиот и ако му се укаже  правилно тоа за него значи живот   – рече д-р Јадранка Мишкова специјалист по општа медицина вработена во Итната Помош и активист на ОО на Црвен Крст Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »