речник контакт

145 средношколци од Велес даруваа крв

Крводарителски акции во четирите средни во градот со висок одѕив

Петар Печков

Средношколците од Велес  за еден месец собраа 145 крвни единици, што е висока бројка. Така исто толку средношколци  -145 , сите полнолетни со наполнети 19  години, покажаа хуманост и ја  дарува скапоцената течност.

Првата акција се одржа на 17-ти октомври во ,,Коле Неделковски,,  кога се собрани 46 крвни единици, па на 24-ти  и 26-ти октомври во „Димитрија Чуповски“ и „Јовче Тесличков“ кога се собрале 59 единици.

И на Денот на Општината 9-ти ноември последната се одржа во  Гимназијата ,,Кочо Рацин,, кога се собрани 40 крви единици. Или вкупно 145, од кои за прв пат крв дарувале 118  средношколци  а  од вкупниот број 57 биле девојки.

Сите акции биле организирани  од Институтот за трансфизуона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвен крст Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »