речник контакт

14-ти стрип салон во Велес

Доделување на наградите, стрип работилници и промоција на нови стрип изданија

Петар Печков

Велес викендов ќе биде  домаќин  на 14-тиот Интернационален Стрип салон. Собирот на стрип  љубителите  и стрип уметноста од Македонија   започнува вечерва (петок) во 19 ч. во Ликовен салон во Велес, каде ќе бидат доделени наградите  од меѓународниот стрип конкурс. На  него учествувале 254 автори од сите континенти, што е повеќе од  ланските   тогаш  рекордни 228 дела.  

Се обидуваме да го одржиме интересот за  стрипот кај возрасните   или да го  заживееме кај помладата популација.  За споредба со стрип фестивали во регионот, да го споменам неодамна одржаниот стрип фестивал во Белград, Србија каде  пристигнале вкупно  292 дела, со  пријавено 221   стрипови  од тамошни  автори. На македонскиот стрип конкурс има пријавено  повеќе стрипови од странски автори , во Белград е многу поголемо учеството на нивни домашни стрип автори –изјави Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, организатор на манифестацијата.

Во двата наредни дена, сабота и  недела се организирани стрип работилници со познати стрип предавачи. Во рамките на салонот, најголем собир на стрип уметноста во земјава, ќе бидат промовирани и двата броја на ,,Стрип  креатор,, бр. 23  и бр.24 каде се сместени дел од наградените автори.   Дел од содржините, наградените, промоција на стриповите се организира одложени во  понеделник во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »