речник контакт

15 години затвор за неготинецот кој ја претепа невенчаната сопруга а таа почина од здобиените повреди

П.Н. (51 год) го признал делото

Петар Печков

Петнаесет години затвор доби неготинецот  П.Н. (51 год)  откако во Основен суд Кавадарци  го признал делото за кое се товареше. ОЈО Кавадарци  го обвини за кривичното дело   Тешка телесна повреда, сторена при семејно насилство при што повреденото лице починало.

„Обвинетиот П.Н.  по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот којшто се случи на 02. август  годинава во Неготино, каде што извршил семејно насилство во кое оштетената Љ.Г. од здобиените Тешки телесни повреди почина на 6 август  година.  Од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата“ - соопштија од Основен суд Кавадарци.

Притворот на обвинетиот е продолжен до правосилноста на пресудата.

Семејното насилство се случи на  2 август, кога според обвинителството,по вербална расправија, П.Н. кој со години живеел во вонбрачна заедница со Љ.Г. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата.

Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде почина на 6 август.
На П.Н. не му е изречена мерката задолжително лекување како што првично се бараше, бидејќи вештото лице сметал дека по четири месеци од настанот,  таа мерка нема ефикасност  и  обвинетиот  може да ја лежи изречената казна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »