речник контакт

15 години затвор за педофил од гевгелиско

Во велешкиот суд изречена казна затвор за педофилија. Сторителот е од гевгелиско село, кој го сторил над две девојчиња од 11 години

Петар Печков

Л.Б. (55 год) од село близу Гевгелија доби 15 години затвор за  педофилија. Тој  го признал делото за кое беше обвинет, по што во  Основен суд Велес беше прогласен за  виновен за кривичното дело ,,полов напад врз дете кое не наполнило 14 години,,.  

Л.Б. е осуден  за две дела, оти дејствијата ги сторил над две девојчиња на возраст од 11 години,  по што судијата Шефшет Адеми,  му  изрече  единствена казна затвор од 15 години.    

Делото го сторил на 8-ми јули минатата година, во село близу Гевгелија, од каде бил тој и двете деца.  Обвинетиот ги признал делото и изразил каење и жалење за стореното. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »