речник контакт

15 години затвор за разбојникот на менувачницата

Ибрахимовиќ се спогодил со обвинителството

Петар Печков

Енедин Ибрахимовиќ од велешко Горно Оризари  се спогоди со обвинителството и доби 15 години затвор за три кривични дела. Тој беше фатен откако  се обиде да ограби менувачница во Трговскиот центар во Велес на 7-ми септември годинава..  

Ибрахимовиќ се спогодил со обвинителството   за трите кривични дела: разбојништво да му се изрече казна завор од 10 и пол години,  за кривичното дело предизвикување на општа опасност од три години и за недозволено држење на оружје од 9 и пол години, или во единствена од 15 години затвор.  

Разбојништвото  се случи на седми септември оваа година, кога обвинетиот со закана со употреба на огнено оружје се обидел од менувачница да одземе пари. Ибрахимовиќ  маскиран со капа – фантомка влегол во менувачницата со оружје кое  неовластено го поседувал -автоматска пушка калибар 7,62х39 мм со полна рамка и истата ја вперил кон оштетениот заканувајќи му се по живот доколку не му ги даде сите пари.

Оштетениот при меѓусебна турканица во која биле испукани два куршуми, успеал да го истурка обвинетиот надвор од менувачницата и започнал да бара помош, по што обвинетиот испукал уште два куршуми со што предизвикал значителна опасност за животот на луѓето од големи размери на место оти вечерта  таму се движеле голем број лица. Обвинетиот успеал да се истргне од оштетениот, но набргу бил совладан од случајни минувачи и предаден на полицијата

.Во Основниот суд во Велес е донесена пресуда со која се прифати Предлог-спогодбата и притворот на обвинетиот се продожува  до започнување со издржување на казната затвор. Истото лице, пред некој ден беше осомничен за разбојништво, киднапирање, одземање моторно возило и предизвикување општа опасност, откако на 4-ти септември киднапирал две лица за потоа со закана од пушка да ја ограби Бензинската пумпа на влезот од Велес, при што  одзел  40  илјади денари.

Ибрахимовиќ кога ги сторил и двете разбојништва бил во бегство од Штипскиот затвор, каде на 2-ри август бил пуштен на викенд, и од тогаш не се вратил на дослужување на затворската казна од 15 години. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »