речник контакт

15 години затвор за разбојништво над емигранти

Тројца велешани добија вкупно 15 години затвор за грабеж над седуммина илегалци од Африка. Со закана од нож одзеле 1,1 илјада евра

Петар Печков

Тројца велешани добија  вкупно 15 години затвор за грабеж над илегалци од Африка.   Во основниот суд во Велес Ване Андреев ( 54 год), Александар Картинов (26 год) и негова сопруга Соња Картинова (21 год)  беа прогласени за виновни и добија по пет години за кривичното дело разбојништво.

Според обвинението   на 22 јули  годинава,   вечерта  околу 19.30 часот на патот меѓу две велешки села Мамутчево и  Иванковци  биле нападнати седуммина илегалци,  бегалци од Африка. 

Откако претходни  Андреев и Картинов како таксисти ги оставиле во пустелијата, далеку од патот кој илегалците го барале, кон Србија, вечерта заминале да ги ограбат.  Ги пронашле а со нив била и сопругата на Александар, Соња која чувала стража додека двајцата ги пљачкале со закана од нож.  По ова преплашените  илегалци  ги собрале парите што ги имале 1.100 евра.

Пред да заминат разбојниците ги натерале илегалците  да легнат на земја, по што  со автомобилот побегнале. Неколку дена сторителите беа во бегство. Во текот на судењето, обвинетите посочиле дека во  нивната акција имало и други двајца, па сега истрагата е проширена со нови лица кои учествувале во  разбојништвото. Осудените имаат право на жалба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »