речник контакт

15 години на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение

Ако ние не успеавме, очекувам дека ќе се најде нов храбар млад човек кој ќе ја исчисти земјата во градот од тешките метали и ќе ја дислоцира големата депонија со згура порачa првата претседателка на друштвото Соња Гаврилова

Петар Печков

Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, едно од најстарите невладини здруженија во Велес синоќа одбележа 15 години од своето постоење. Сегашната претседателка на друштвото, Иванка Андова информира дека нивна заложба ќе биде велешките деца кои имаат проблеми со респираторните огани и бронхитис да ги донесат на еднонеделна воздушна рехабилитација на чист воздух на Пелистер.

 Учестувавме го големата Зелена револуција во Велес против рестартот на Топилнциата, секоај пролет децата трчаат за здравје. Тоа се наша активности кои даваат белег на нашата работа. Со наша помош  400 деца од Македонија одат на рехабилитација - рече Андова. Таа се заблагодари на досегашните претседатели   Соња Гаврилова и Сашко Андреевски за нивниот ангажман во Друштвото.

Друштвото беше формирано со единствена цел-да го подобри нарушеното здравје на болните деца од Велес.  Топилницата за олово и цинк која им го нарушуваше здравјето на децата во Велес веќе десет години не работи. Ако ние не успеавме, очекувам дека ќе се најде нов храбар млад човек кој ќе  ја исчисти земјата во градот од тешките метали и ќе ја дислоцира големата депонија со згура - рече Гаврилова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »