речник контакт

15 месеци затвор за повреда при семејно насилство

Ја нападнал сопругата со пиштол и нож и ја повредил

Петар Печков

М. А. (31 год) од Велес доби затворска казна од 15 месеци за  телесна повреда која е строена при семејно насилство. Тој на 22 септември мината година,  телесно ја повредил сопругата, кога во семејната куќа, по претходна расправија неколкупати ја удрил со рака по глава и тело.

На ова оштетената возвратила и извадила од неговото ташниче гасен   пиштол марка ,,Екол Арас магнуим,, 9 мм.  но сопругот и го одзел и со него неколку пати ја удрил по глава. Во тепачката таа во ташничето му пронашла ноќ на преклоп и се обидела  да се одбрани, но и тој и го одзел и ја пресекол во раката, на левата подлактица.  

Со ова обвинетиот сторил кривично дело ,,телесна повреда,, за што е прогласен  за виновен.  Обвинетиот не е достапен и е во бегство а пресудата не е  правосилна. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »