речник контакт

150 години Велешка Гимназија и во Канада

Приходот е наменет за финансирање на талентирани Велешки гимназијалци

Аница Солева

Приходот е наменет за финансирање на талентирани Велешки гимназијалци без материјани средства кои не можат да го продолжат своето образование на универзитетите во Р. Македонија.

\"\"

Приватизацијата го направи своето, Велес го направи град на Социјалата, но затоа ние ќе го направиме нашето

\"\"

Ќе го помогнеме фондот за финансирање на млади таленти кој е организиран од инвентивниот Велешки градоначалник г-нот Аце Коцевски со што докажа дека не постои проблем што нема решение. Ние иако далеку од родниот крај со големо чувство на припадност се вклучуваме кон оваа хуманитарна акција.
Во овие тешки моменти, како никогаш досега не се наметнува чувството за заедништво зошто единствено ние самите можеме да си помогнеме во овие скудни времиња.

\"\"

На оваа манифестација се очекуваат сите представници на црковните управи заедно со свештениците.
Представници од сите организации, асоцијации и друштва а со свое присуство ќе не удостојат

- Генералниот конзул на Р.Македонија во Торонто - Канада
- Неговото Великопреосвештенство Митрополит на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија, г-дин Методиј
- Првиот Македонски претставник во Канадскиот Парламент г-дин Луј Темелковски.

Поздрав до сите велешани во Канада  :))

Повеќе фотографии тука

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »