речник контакт

155 години за ОУ Св. Кирил и Методиј

Ова училиште е најстарото во Македонија

Петар Печков

Основното училиште Св. Кирил и Методиј од Велес го слави 155-тиот роденден, со што тоа е најстарото училиште во земјава. За век и половина низ ова училиште минале илјадници ученици а некои од нив оставиле силна трага не само во живеењето на Велес, туку  во Македонија и на Балканот. Денес  оваа образовна институција ги отвори вратите за сите родители и гости, да ги покаже достигнувања на учениците и наставниот кадар од тековната учебна година.

Горди сме што можеме да одбележиме значаја годишнина од постоењето на нашето училиште. Многу е возбудливо да се слави 155-ти роденден. Затоа имаме повеќе активности  и содржини, кои траат цел месец. Значаен беше историскиот час, со кои се навративме како училиштето се развивало низ вековите. Преку денешниот ден  и Саемот на знаења на велешани им покажавме што се сработиле нашите ученици и вработени оваа учебна година. Учениците преку најталент ги покажаа нивните умеења и знаења надвор од школските клупи, имаме квиз и спортски  натпревари, премиера на театарска пиеса - вели директорката Анита Мирчева. 

Настава во училиштето оваа година посетуваат 571 дете.   ОУ Св. Кирил и Методиј започнало со работа во средината на 19-тиот век, од тогаш датира првиот пишан документ, иако се верува дека тоа во друга форма работело и претходно. Низ сите овие векови, училиштето  постоело на истото место.

Во овој дел на Велес, во Долни Дуќани имало два метоси, црковни училишни  објекти каде се извршувало црковно образование, тоа биле Св. Атанасиј и Св. Кирил и Методиј, едниот женски, другиот машки метох. Богатите велешки трговци Војнацалиеви, Шуплевци,Весови, Шулеви  купиле место, баш на оваа локација од некоја турска фамилија, каде и денес работи училиштето, тука заеднички почнале да учат и женските и машките деца во едно училиште кое го добило името Св. Кирил и Методиј. Тоа се случило во 1857-тата година а се учело на говорот на месното население. Настава одржувале световни учители, кои покрај црковните предмети предавале и математика, земјопис, историја, алгебра. По препорака на Џинот тука настава одржува Икономов -  вели Тодор Димов професор по историја. 

Во најстарото основно училиште во Македонија„ Св. Кирил и Методиј  учеле многу истакнати дејци од постарата и понова македонска историја,  Андреја Дамјанов, Васил Главинов,  Ѓорги Зографски, Данчо и Тодор Зографски, Петре Прличко, Кочо Рацин, Панко Брашнаров па до  помладите  професорот  Васил Тоциновски. ракометарот Пепи Манасков, виолинистот Костадин Богдановски, научникот Александар Донев  се само дел од плејадата познати личности кои основното образование го завршиле  во  клупите на ова училиште.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »