речник контакт

16 октомври Црвениот крст на Светски ден на гладта

Во градот секојдневно 100 лица јадат од Народната кујна. Локалната власт додели 20 илјади денари парична помош

Петар Печков

Црвениот крст од Велес со  повеќе настани го одбележува 16 октомври Светскиот ден на гладта, со цел подигање на свеста во јавноста. Кампањата е насловена   ,,Помислете и на нас ,,  и е наменета за социјални случи кои немат доволно средства да си обезбедат храна. Во Велес секојднево сто лица се хранат во Народните кујни кои функционираат при Детстите градинки. Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во оваа категорија како сиромашни се водат 1.500 лица од три  општини Велес, Чашка и Градско.

Целта на кампањата  е да го сврти вниманието кон одредени целни групи и да ги мобилизрамее бизнис секторот за помош кон овие случаи. Упативме 700 повици до исто толку фирми од Велес за да учествуваа во нашата кампања за помош на гладните  – изјави д-р Милчо Трајков претседател на Црвениот крст на Македонија.

Минатата година во иста ваква акција во Велес собрани се 73 илјади денари од кои 23 илјади се итно потрошени. Преостанатите 50 илјади во наредните десет дена ќе бидат доделени  на семејства, кои се  избрани од страна на училиштата.  Нив ќе  им  се додели храна.

Иако бизнис секторот се помалку  е корпоративно одговорен за  гладните во градот, од  Црвениот крст побараа нивно поактивно вклучување.  На овој  Светски ден на гладта градоначланикот на Велес на Општинскиот Црвен крст му подари 20 илјади денари. Тие ќе бидат наменети за десет семејства по две илјади во храна.

Иако немаме обврска да доделуваме средства, како локална самоуправа ќе даваме помош каде што треба во рамктие на нашите можности  – изјави Славчо Чадиев.  Овој Светски ден на гладта  се одбележува по иницијатива на Светската организација за храна ФАО.

 да донира може секој граѓанин. телефонскиот број на кој со еден повик дарувате 100 денари е

070/075/077        143 -400

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »