речник контакт

16 месеци затвор оти избегал од полиција и го нападнал полицаецот

Филмско бегство додека бил приведен во полиција за што ќе лежи в затвор

Петар Печков

ХИСЕН БАКИОВ ( 37 год) од велешкото село Бузалково  е осуден на 16 месеци затвор за  две кривични дела  Бегство на лице лишено од слобода и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Тој е прогласен за виновен во Основниот суд во Велес  за инцидентот кој го направил летово.  На  22 јули 2013 година утрото околу 03,00 часот со употреба на сила побегнал од просториите на СВР Велес, каде се наоѓал врз основа на законита одлука за лишување од слобода. Во критичниот момент  го нападнал службеното лице Л. Н. инспектор и при тоа телесно го повредил. 

Бакиов бил приведен во полиција поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и во моментот кога требало да биде сместен во просторијата за задржување тој го удрил полицаецот Л.Н по што побегнал од просториите на СВР Велес.

Со ова  Хисен Бакиов сторил кривично дело Бегство на лице лишено  за што доби шест месеци  затвор  и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста му е  изречена  казна затвор во траење од една година. Судот во Велес го осуди на единствена казна затвор во траење од 1(една) година и 4(четири) месеци. Бакиов се наоѓа на отслужување  казна затвор за друго сторено дело.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »