речник контакт

160 години велешка гимназија

Гимназија им одолеа на сите искушенија, турското ропство, Илинден, Балканските и двете Светски војни

Петар Печков

Со свечена академија, вчеравечер во салата ,,Бели мугри,, се одбележаа 160 години од велешката Гимназија, најстара во Македонија и меѓи постарите на Балканот.  Нејзините почетоците како образовна институција, се од далечната учебна 1857/58 година,  кога во Велес почнува да се реализира настава на образование повисоко од основното во тогашниот параклис Св. Ѓоргија. Денешната Гимназија Кочо Рацин е наследник на оваа значајна образовна традиција. Во текот на изминатите 160 години образование во Гимназијата го стекнале илјадници ученици. 

Многу од учениците кои завршиле во Гимназијата, биле се, и во иднина ќе бидат, исклучително значајни за напредокот на нашата земја. Со својот ангажман во повеќе области на: општествено- политичкиот, научниот, образовниот, здравствениот, економскиот  и културниот живот, не само на својот град ,Велес, туку и  на Македонија, тие веќе 160 наназад придонесуваат за нивниот развој и напредок. Тие не задолжиле да го негуваме и почитуваме дигнитетот на оваа образовна институција. Предизвик е да се остане доследен продолжувач на толку успешна институција која го носи епитетот една од најстарите Гимназии, не само во Македонија, туку и на Балканот.  Верувам дека сите ние и некогашните и сегашните генерации на наставници и ученици ја делиме истата мисла и желба. Дека, како продолжувачи на традицијата на  оваа образовна институција, треба да останеме и понатаму доследни и да го сочуваме нејзиното успешно реноме – кажа Славчо Давитков.   в.д директорот на Гимназијата Кочо Рацин. На академијата настапија ученици со поезија од нивниот патрон Кочо Рацин.   Пред присутните се обрати и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

 Оваа вечер е е вечер на гордост и не заборав. 16 децении колективната  меморија на Велес и Македонија  ги чува во себе моментите од создавањето и растежот на велешката Гимназија, прв интелектуален вруток, прва суштествена  промисла и првиот чекор кон организирано образование во државата.  Во вакви мигови во целост ја поимаме културната и реформаторка димензија на Велес во историјата на македонскиот народ. Токму во вакви мигови сфаќаме дека тоа  што ни се чини вообичаено секојдневие, всушност е грандиозна победа над времето и искушенијата со една единствена цел, македонскиот народ да добие свое образложение на мајчин јазик, да биде двигател на сопствениот растеж, да биде слободен во мислата и знаењето што ги пренесува на младите генерации.   Со векови овде во Велес се калеле брилијантни умови што и ден денес восхитуваат. Само од ослободувањето  во 1945т-ата до денес, во Гимназија  11.077 млади се образуваа. Овој простор е можеби мал поп мерка, но е огромен во историски и глобален контекст.   Гранитната Гимназија, ќе ја а наречам така, оти им одолеа на сите искушенија, турското ропство, Илинден, Балканските и двете Светски војни е институција достојна за восхит. Затоа од името на сите граѓани на Велес  изразувам огромна благодарност на сите просветни работници, интелектуални, преродбеници што ја создадоа, што ја заштитија и зачуваа колепката на интелектуалниот растеж и највисоките човечки вредности, да направија  да се гордееме сите велешани овде и во светот – кажа Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »