речник контакт

17 март денот на најхуманите

Овој ден е на Црвениот крст и на доброволното дарување крв

Петар Печков

Црвениот крст на Велес им додели признанија на неговите хумани членови, на тие што многупати  ја подале раката и дарувале крв. За 100 пати дарувана крв признание доби Горан Димов, додека за 75 пати Зоран Илов, Петре Урумов и Ѓоре Петков. Благодарници за придонес во исполнувањето на републичкиот план добија Гарнизонот на АРМ Алексо Демниевски Бауман, средното училиште Димитрие Чуповски, здружението на граѓани Мото клуб ,,Носачи на крст,, а за мотиватор Драгица Ангелова.

Лани Велес го зазеде четвртото место во Македонија според исполнетиот план.  Беше отворена и изложба на фотографии од активностите на Општинската организација на Црвениот крст Велес на тема „Волонтерство“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »