речник контакт

18 кривични пријави за велешани кои не го почитувале полицискиот час

Пријавените, во периодот од 29-ти мај до 13-ти јуни годинава, се движеле без дозвола за движење, за време на забрана за движење поради прогласена пандемија на ковид-19

Петар Печков

СВР Велес поднел  18  кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

„Пријавените, во периодот од 29-ти мај  до 13-ти јуни годинава, се движеле без дозвола за движење, за време на забрана за движење поради прогласена пандемија на Ковид-19“ - пишува во информацијата на МВР.

Кривични пријави до ОЈО Велес се поднесени против лицата: П.Т.(23), Т.Л.(25), Х.Д.(20), И.Б.(38), М.Ј.(18), П.С.(25), А.Ј.(20), А.Б.(18), А.Ф.(21), С.Т.(20), К.А.(20), С.В.(21), И.Т.(25), Д.Ј.(26), М.К.(38), В.В.(18), С.И.(18) и С.А.(18) сите од Велес.

Во сите претходни случаи, кога граѓани не го почитуваа полицискиот час, ОЈО Велес до Основен суд побара и без исклучок обнвинетите добиваа парична казна, глоба  од 800 евра, во денарска против вредност. Ако се повтори и во овие случаи, држќавната каса ќе биде побогата за  14,4 илјади евра, само од велешани.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »