речник контакт

18 месеци затвор за Киро Камчев екс директорот на Киро Ќучук

Нова осудителна пресуда против Камчев. Тој државата треба да и врати и 22 милиони долг

Петар Печков

Екс директорот на велешки Киро Ќучук, Киро Камчев доби годинаипол затвор и обврска да и врати на државата 22 милиони денари, затоа што ги продал циглите кои како залог биле оставени од УЈП  во кругот на  фабриката. Тој во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен за кривичното дело   злоупотреба на службената должност.

Според обвинението Киро Камчев  во периодот од 14 јануари 2009-та до 14 октомври 2010-тата од 900 илјада цигли кои биле запленети од УЈП продал 881 илјада. Оваа стока била попишана од страна на Министерството за финансии, УЈП поради долг од АД Киро Ќучук кон државата за неплатени даноци, ДДВ, персонален и данок на добивка. Кога на почетокот од 2011 година дошла комисијата од УЈП тие не ја нашле стоката, која била продадена иако за неа  имало залог. Камчев за ова дело се бранеше дека циглите ги продал, бидејќи претходно го подмирил долгот.

Во телефонски разговор со тогашниот раководител на Регионалното одделение на УЈП во Прилеп ми беше речено дека долгот е платен и можам да ги продавам циглите – изјави пред судот Камчев.  

Вештачењето покажало дека тој подмирил дел од долгот, но поголемиот дел не бил исплатен. Поради тоа тој е задолжен да и плати на државата долг од 22 милиони денари. Претходно Камчев за идентичен случај,  во друго дело за запленети цигли на приватен доверител кои како залог тој ги продал,  доби една година затвор и обврска да врати 4,1 милион денари.

Фабриката со која директоруваше  Камчев, Киро Ќучук замина во стечај поради големите долгови што ги имаше и кон државата но и кон банките. Против него во велешкиот суд се водат повеќе дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »