речник контакт

19,30 на еден крај од Велес сообраќајка на друг разбојништво

Во исто време во 19,30 вчеравечер во Велес сообраќајка со тешко повреден и разбојништво над старец.

Петар Печков

 Разбојништво над старец од кого се одземени 13 илјади денари, се случи вчеравечер во Велес. Настанот се случил на улица 8-ма велешка во 19,30  часот, кога две лица влегле во домот на К.Б. ( 81 год) и со пиштол му се заканиле да им даде пари. Според старецот, тој при себе имал 13 илјади денари, кои им ги дал, по што бил врзан со леплива лента на устата и рацете, а разбојниците побегнале.

Велешката полиција има осомничени лица за разбојништвото и трага по нив. Ист инцидент се случил врз К.Б. и пред три месеци, кога бил нападнат, натепан и ограбен. Тогаш за ова дело стоеле лица, кои биле работно ангажирани од  старецот, за да му ја поправаат куќата, но не им платил за сработеното, па тие на тој начин си го наплатиле долгот.

Сообраќајката пак во стариот дел на Велес, на улица  Димитар Влахов 122, во близина на кафе бар Алекс се случила исто така во 19,30 часот. Мотор марка ,,хинки,, управуван од  Т.Ј. ( 49 год) од Велес удрил во задниот дел од автомобил марка фолсфаген пасат  управувано од А.А. ( 18 год) од Велес. Според сведоците моторџијата возел премногу близу  до автомобилот и кога тој закочил за да се симне патник, моторот удрил во колата. Т.Ј. веднаш бил пренесен во велешката Болница, каде поради превентива од внатрешни повреди на главата е однесен во Клинички центар во Скопје, вон животна опасност според докторите. Велешката полиција го расветлува случајот и причините за судирот.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »