речник контакт

1-ви јуни Ден на згрижувачки семејства

Во Велес има 9 семејства со 21 згрижено дете,27 деца од Велес се во други градови

Петар Печков

Волонтерите од Општинскиот Црвен крст   од  Велес  го одбележаа 1-ви јуни Ден на згрижувачките семејства. Семејствата и децата се дружеа со  децата од Центарот за посебни потреби.   Во Велес има 9 семејства со 21 згрижено дете, 27 деца  од Велес се во други градови. Меѓу деветте семејства е и   фамилијата Утевски која има згрижено две деца. 

Секој не се нафаќа на ова, треба да бидеш голем човек за да се решиш. Ова е хумана работа, која е добра и  за децата - вели Кадри Утевски.

Тој згрижува две деца и има свои две ,така што одгледува вкупно четири деца .Ова започнал да ги работи меѓу првите во Велес, пред 13 години.  Објаснува дека сите биле мирни и живеат во слога.    Семејствата за секое згрижено дете добиваат паричен надомест.

Денес споивме две активности, два проекти. Едниот е подобрување и социјализација на  деца и младинци со посебни потреби па заедно со нив на овој ден на згрижувачки семејства се забавуваме, играме.  Така еднаш месечно се дружиме, одиме на екскурзија  - рече Елена Бачева од Клубот на млади на Црвениот Крст Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »