речник контакт

2,5 години затвор за фалсификување евра

Боби Петрушев кој го признал делото, пуштил во оптек во Кавадарци, Неготино и Велес фалсификувани пет пати по 100 евра

Петар Печков

Велешанецот Боби Петрушев (22 год)  доби две и пол години затвор поради фалсификување на евра.   Тој  се спогодил, го признал делото  пред велешкото Обвинителството, по  што постигнале спогодба  а судија  во претходна постапка од  Основен суд  Велес ја изрекол казната.

Петрушев   за продолжени кривично дело   откако беше фатен како пушта во оптек фалсификувани евра  во Неготино, Кавадарци и    во Велес.  Во овие случаи  тој јадел, пиел, се облекувал или пазарел во трафика, бутик  и во колонијал.

На 13-ти февруари во Кавадарци во бутик и во колонијална продавница пуштил во оптек фалсификувани  две банкноти од по 100 евра а  една седмица подоцна се обидел да плати во колонијал со фалсификувани 100 евра, но бил откриен.  

На 16-ти февруари во Неготино купувал облека во бутик со фалсификувани евра. На 21 февруари при купување во трафика во Велес пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 100 евра.

За овие дела тој доби казна затвор од 2,5 години.  Петрушев е фатен  на 26-ти февруари во селото Сарамзалино, во колонијална продавница како плаќал со фалсификувани 100 евра, но за ова дело му се суди во Основен суд Штип. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »